Брза пица на балкански начин!

Брза пица на балкански начин!

Италијански шмек од вашата кујна… Сланината ќе и даде посебна нота на оваа пица!

Состојки за тесто:

  • 200 гр брашно
  • 3 лажици масло
  • 125 мл вода
  • малку сол

Состојки за фил:

  • 1 чаша павлака
  • 200 гр ситно сечкана Пекабеско сланина
  • 100 гр кашкавал
  • малку кечап
  • сечкани маслинки
  • печурки (по жлеба)

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто. Свиткајте го во фолија и оставете го да отстои 1 час во фрижидер.
  2. Тестото поделете го на два дела и растегнете го на тенки кругови.
  3. Ставете ги круговите на плех обложен со хартија за печење.
  4. Премачкаје ги тестата со павлака, распоредете сечкана сланина, маслинки, печурки и кечап.
  5. Посипете со рендан кашкавал и печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 15 минути, додека тестото не биде готово.

Добар апетит!

Повеќе рецепти прочитајте на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text