Не ставајте хемикалии по лицето: Отстранете ја шминката со намирници од кујната

Не ставајте хемикалии по лицето: Отстранете ја шминката со намирници од кујната

Секојдневното чистење на лицето со млеко за отстранување на шминка може да ја оштети и надразни кожата. Одлична замена се намирниците кои не содржат хемикалии, а можат да се подготват на едноставен начин.

Млеко

Тоа ги чисти и најдлабоките слоеви кожа, а и е вистински избор за чувствителните очи. Ја смирува и чисти маснотијата, а протеините кои ги содржи, кожата лесно ги впива што делува и врз нејзината обнова. Доволно е една лажица млеко да помешате со неколку капки бадемово масло и средството за вадење шминка е готово.

Маслиново масло

Маслото ја отстранува шминката, па дури и водоотпорната маскара. Него можете да го помешате со рицинусово масло, а таквата комбинација одговара за сите типови кожа.

Краставица

Оваа намирница го поттикнува природното производство на колаген и го успорува процесот на стареење. Изблендирана краставица со млеко е успешен тоник за чистење лице.

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

singlepost_text