Мешани ражничи

Мешани ражничи

Идеални се за ситуации кога немате доволно поединечни состојки, па искористувате сè што имате во фрижидер.

Состојки:

  • 300 гр јунешко филе
  • 4 парчиња сланина Пекабеско
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 2 главици кромид
  • 2 Пекабеско виршли по вкус
  • 8 шери домати
  • 5 лажици маслиново масло
  • мајчина душица
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечете го месото на коцки, а виршлите, пиперките и кромидот на парчиња.
  2. Нанижете ги состојките на стапчиња. Исечкајте зачински билки и измешајте ги со маслиново масло, сол и бибер. Премачкајте ги ражничите и маринирајте ги во фрижидер околу 3 часа.
  3. Печете ги ражничите на скара околу 10-12 минути и сервирајте ги украсени со зачински билки, со багет или компир, по желба.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Домашен рецепт со кој повеќе нема ни да помислите на цвекло од тегла

Релаксирајте се: Чај кој ги опушта мислите и мускулите

Смути на денот: Моркови во чаша

Чајот од шипка како лек

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text