ПРЕСКОКНУВАТЕ ДОРУЧЕК? Направете здрави кекси за носење на работа!

ПРЕСКОКНУВАТЕ ДОРУЧЕК? Направете здрави кекси за носење на работа!

Не сте единствени ако ви се случува несвесно да прескокнете доручек и на пладне да почувствувате слабост. Не мора да ви повторуваме дека не е добра навика и дека под итно морате да се менувате.

За почеток обидете се со кекси кои можете да ги подготвите дома и да ги понесете на работа и да ги јадете како доручек.

Состојки:

  • 100 гр интегрално ржено брашно
  • 100 гр хељдино брашно
  • 70 гр овесни снегулки
  • 100 мл маслиново масло
  • 3 лажици мед
  • 1 прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка сусам
  • 60 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите суви состојки. Потоа додајте мед и маслиново масло. На крај додајте млеко и со раце замесете тврдо и глатко тесто.
  2. Оставете го во фрижидер на 15 минути. Изладеното тесто измешајте го на побрашнета работна површина, па растегнете го со сукало на дебелина од околу 1 – 1,5 см.
  3. Со чаша сечете кески и редете ги на плех обложен со хартија за печење. Со вилушка или чепкалка правете дупчиња на кексите.
  4. Печете во загреана рерна на 180 степени 12-15 минути. Кога ќе ги извадите од рерна ќе бидат малку меки на допир, но ќе се стврднат кога ќе се изладат.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Конечно: Највкусниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет – колач без печење, совршен за горештините

Торта „Мрзлива домаќинка” – смешно име, одличен вкус

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ледено уживање – Брз десерт во чаша

 

singlepost_text