Стапчиња со сланина

Стапчиња со сланина

Сланина во обвивка од лиснато тесто – одличен избор за предјадење или вечера.

Состојки:

  • 250 гр лиснато тесто
  • 70 гр тенко сечкана сланина Пекабеско
  • 1 јајце за премачкување
  • 50 гр рендано сирење
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Тестото одмрзнете го на собна температура, растегнете го со сукало во правоаголник со дебелина од околу 3 мм.
  2. На едната половина редете сечкана сланина и прекријте со другата половина од тестото. Со остар нож сечете стапчиња на должина од 10 см, а ширина од 2,5 см.
  3. Премачкајте ги стапчињата со разматено јајце и свиткајте ги. Наредете ги на намастен плех и посипете ги со рендано сирење и сусам.
  4. Печете во рерна додека не поруменат.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки