УСПЕВА СЕКОГАШ: Рецепт за најкремастиот фил за обланда

УСПЕВА СЕКОГАШ: Рецепт за најкремастиот фил за обланда

Дури и ако сте почетник ќе направите неодолив чоколаден десерт! Овој чоколаден фил е феноменален и ќе го правите постојано.

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 500 гр шеќер
  • 50 гр чоколадо
  • 200 гр маргарин
  • 4 листови обланда
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Во поголемо тенџере ставете млеко, додајте шеќер и ставете на шпорет да се готви.
  2. На половина од готвењето, додајте чоколадо, маргарин и малку сол и гответе на слаб оган додека не се претвори во карамел и згусне.
  3. Тргнете го тенџерето од огнот, и премачкајте три листови обланда со кремот. Со четвртата обланда покријте. Преку обландата можете да ставите чоколаден прелив.
  4. Притиснете ги обландите неколку часа да стегнат и да се изладат.
  5. Сечете на парчиња, послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Видео: Како да излупиме лук, јајце и банана

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

 

 

singlepost_text