Пилешко во сос од печурки и сенф

Пилешко во сос од печурки и сенф

Посебниот вкус на месото му го дава пикантниот сос од вино, кромид, сенф и печурки.

Состојки:

  • 700 гр пилешки гради
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • прстофат бибер
  • 4 лажици екстра девствено маслиново масло
  • 400 гр шампињони, ситно сечкани
  • 1 крупна главица кромид, исечен на кругови
  • 2 лажици рузмарин
  • 2 лажици магдонос
  • 3 лажици сенф
  • 1/2 шолја бело вино
  • 1/4 шолја пилешки бујон
  • 2 лажици павлака за готвење
  • 2 лажици путер

Начин на подготовка:

  1. Измешајте брашно, сол и бибер. Во таа смеса извлкајте го пилешкото и оставете го на страна.
  2. Во голема тава загрејте масло и испржете го пилешкото додека не порумени.
  3. Во истата тава пропржете ги печурките околу 3 минути.  Намалете го огнот на средна температура и додајте кромид и рузмарин. Пржете околу 2-3 минути. Потоа додајте сенф и вино и добро измешајте. Додајте и магдонос, бујон, павлака и путер и измешајте.
  4. Вратете го испрженото пилешко во тавата и прекријте го со сос. Намалете ја температурата, поклопете и гответе додека пилешкото не биде готово.
  5. Сервирајте го месото прелиено со сос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л