Сладолед од чоколадо и банана

Сладолед од чоколадо и банана

Заводливата арома на овој десерт му ја дава екстрактот од рум.

Состојки:

  • 1 шолја чоколадно млеко + 2 лажици
  • 170 гр исечкано чоколадо
  • 1 банана, исечкана на парчиња
  • 2 лажички екстракт од рум
  • 2 кесички екстракт од ванила
  • 1 шолја разматена слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. На пареа готвејќи измешајте чоколадно млеко и парчиња чоколадо додека не се растопат.
  2. Во блендер измешајте ја чоколадната смеса, бананата и екстрактите.
  3. Разматете половина шолја слатка павлака и лажичка шеќер.
  4. Измешајте ја разматената слатка павлака со смесата со чоколадо.
  5. Подготвената маса ставете ја во пластични садови и оставете во замрзнувач најмалку 4 часа.
  6. Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text