Ова тесто за меки кифли не може да не ви успее!

Ова тесто за меки кифли не може да не ви успее!

Омиленото пециво за повеќето луѓе – меки кифли, полнети со благ или солен фил.

Проблемот е секогаш ист – да пронајдете тесто кое секој пат ќе успева, а притоа кифлите нема да бидат тврди и гумени.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 500 мл млака вода
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 маргарин
  • 1 шолја масло
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  1. Во малку вода разматете квасец со шеќер. Измешајте едно јајце и една жолчка (една белка останува за премачкување), додајте масло и разматен квасец, па добро соединете. Постепено додавајте брашно, остатокот од водата и сол, па добро замесете тесто.
  2. Ако тестото биде лепливо, додајте уште малку брашно. Развлечете го тестото со сукало на работна површина, па од горе изрендајте маргарин. Свиткајте како штрудла и сечете со нож за да добиете десетина топчиња.
  3. Развлечете ги топчињата, сечете го тестото и правете кифли со полнење по желба.
  4. Уште една предност на ова тесто е што не мора да се чека за да нарасне!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Торта „Мрзлива домаќинка“ – смешно име, одличен вкус

Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта