Чорба од бел грав и ореви

Чорба од бел грав и ореви

Оваа вкусна и калорична чорба нема да ве остави рамнодушни!

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 4 лажички маслиново масло
  • 100 гр бел грав (зготвен)
  • 100 мл млеко
  • сок од 1 лимон
  • 1 црвена пиперка
  • 1/2 чили пиперка
  • 1 лажичка концентрат од домати
  • прстофат шеќер
  • 40 исчистени ореви
  • 2 лажички павлака за готвење
  • прстофат сув рузмарин
  • 2 парчиња тост леб

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и лукот исечкајте ги. Половина од количината кромид и лук пропржете ги на лажичка масло, додајте грав, вода од гравот (околу 250 мл) и млеко па поклопено гответе на слаб оган околу 15 минути. Чорбата потоа измешајте ја со миксер и зачинете ја по вкус со сол, бибер и сок од лимон.
  2. Пиперката исчистете ја и исечете ја на мали парчиња, а чили пиперката исечкајте ја ситно. Пиперките потоа пропржете ги на лажичка масло со останатиот кромид и лук, измешајте концентрат, а потоа зачинете со сол, бибер и шеќер. Измешајте ги пиперките во чорбата.
  3. Оревите ситно исечкајте ги, пропржете ги на 2 лажички масло па измешајте ги со павлака и рузмарин и додајте ги во чорбата.
  4.  Тост лебот пропржете го да добие златна боја, исечете го на коцки, кои ќе ги распоредите по порциите.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула