Свински филети во тесто со печурки

Свински филети во тесто со печурки

Неодолив спој од печурки и месо завиткан во лиснато тесто… вистинско решение и за напребирливите гости!

Состојки:

  • 4 парчиња свинско филе (400 гр)
  • 900 гр лиснато тесто
  • 1 кг шампињони
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици путер
  • 4 жолчки
  • 4 лажици павлака
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Зачинете ги филетите. Три плочки лиснтао тесто ставете една преку друга, па развлечете ги на димензии 20х30 см.
  2. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  3. Печурките исчистете ги и исечкајте ги. Исечкајте ги кромидот и лукот. Издинстајте ги кромидот и лукот на путер. Додајте печурки, па печете околу 15 минути. Одлијте го вишокот течност. Развлечете ја смесата од печурки преку тестото, па преку тоа ставете едно филе и свиткајте.
  4. Налијте малку вода па притиснете. Ролатите ставете ги на намастен плех.
  5. Жолчките разматете ги со павлака, па со тоа премачкајте ги ролатите. Печете ги 40 минути. Исечете на парчиња и сервирајте.
  6. Овој специјалитет можете да го послужите и топол и ладен, без разлика во вкусот и квалитетот.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

singlepost_text