БРЗО И ЛЕСНО: Чоколадна торта со пишкоти која не се пече! (ВИДЕО)

БРЗО И ЛЕСНО: Чоколадна торта со пишкоти која не се пече! (ВИДЕО)

Малку е да се каже дека се прави пребрзо, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 800-900 гр пишкоти
  • 2 чоколада со лешници
  • 2 бели чоколада
  • 1 л млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 500 мл слатка павлака
  • 2 дл сок од портокал

Состојки за прелив:

  • 100 гр чоколадо за колачи
  • 100 гр млечно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Млекото поделете го на два дела. Во еден ден згответе пудинг од ванила со 3 лажици шеќер, а во друг чоколаден пудинг со 3 лажици шеќер и оставете ги пудинзите да се изладат.
  2. Разматете слатка павлака, посебно растопете го белото, а посебно црното чоколадо.
  3. Слатката павлака поделете ја во пудинзите, а во пудингот од ванила додајте бело, а во чоколадниот црно чоколадо. Сè измиксајте и филувајте ги пишкотите од внатре, преклопете со други пишкоти и редете во круг (како што е прикажано во видеото).
  4. Завршениот обрач, од внатре премачкајте го со тенок слој темен фил, па повторете ја постапката… така до крај. Пишкотите задолжително потопете ги во сок од портокал да бидат меки.
  5. Завршената торта прелијте ја со растопено чоколадо и оставете ја во фрижидер 4-5 часа да стегне.
  6. Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text