Бифтек во сос од зелен бибер

Бифтек во сос од зелен бибер

Зелениот бибер има јака арома и остар вкус, кој одлично се вклопува со мек и сочен бифтек.

Состојки:

  • 350 гр бифтек
  • 0,2 дл слатка павлака
  • 30 гр зелен бибер
  • 0,1 дл бело вино
  • 10 гр путер
  • сол
  • малку сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Испечете го бифтекот на жар и оставете го на страна.
  2. На оган згответе бело вино со зелен бибер додека виното не испари, а биберот не омекне.
  3. Одвоено разматете путер со слатка павлака, додајте омекнат бибер, сол и сок од лимон.
  4. Бифтекот сервирајте со прилог по желба и прелијте го со сос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text