Чоколаден пудинг со амарето

Чоколаден пудинг со амарето

Вашиот омилен десерт збогатен со вкус на амарето.

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици шеќер во прав
  • ванила
  • 80 мл ликер од бадеми
  • 100 гр ситно сечкано црно чоколадо
  • 50 гр несолен путер
  • 30 гр кекс од бадеми издробен на парчиња

Начин на подготовка:

  1. На тивок оган загрејте млеко во тенџере.
  2. Во посебен сад измешајте брашно, шеќер, ванила и мешајте додека не стане глатко, а потоа полека во тенџерето додавајте топло млеко малку по малку додека не стане глатко. Оставете на слаб оган 2-3 минути и мешајте константно да не загори.
  3. Додајте ликер од бадеми и мешајте додека смесата не згусне.
  4. Тргнете го тенџерето од шпорет и додајте чоколадо и путер и сè заедно измешајте.
  5. Сервирајте во стаклени чинии за десерт и посипете со издробен кекс од бадеми.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

 

 

singlepost_text