Тарт со јаболка и карамел (ВИДЕО)

Тарт со јаболка и карамел (ВИДЕО)

Десерт кој сигруно ќе ви се допадне! Ако сте љубител на карамел, едно парче од овој тарт нема да ви биде доволно.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 100 гр путер
  • 2 жолчки
  • кора од лимон
  • 1 лажица шеќер
  • 1 кг исчистени кисели јаболка
  • 3 лажици шеќер за карамел
  • 100 мл млеко
  • 3 лажици мармалад

Начин на подготовка:

  1. Во брашното додајте прашок за пециво, додајте омекнат путер, жолчки, лажица шеќер и кора од лимон. Замесете тесто.
  2. Во плех со ширина од 24 см ставете хартија за печење. Обележете ги краевите, па на неа развлечете го тестото.
  3. Дното на тестото премачкајте го со мармалад, а јаболката исечете ги на парчиња и редете ги во круг.
  4. Посипете малку шеќер и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути за јаболката убаво да се испечат.
  5. Во тенџерче ставете 3 лажици шеќер и оставете да се растопи. Додајте малку млеко и оставете карамел шеќерот да се растопи и згусне. Со карамелот прелијте го колачот и оставете го убаво да впие и да се излади.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

singlepost_text