Сечкано свинско месо на кинески начин

Сечкано свинско месо на кинески начин

Кога сакате да се почастите со кинеска кујна, подгответе го ова вкусно јадење.

Состојки:

  • 100 гр ориз
  • сол
  • 2 лути пиперчиња
  • 300 гр свинско филе
  • малку цимет
  • 500 гр брокули
  • 2 лажици масло од сусам (може и маслиново)
  • 1 лажица сусам
  • 400 гр шампињони
  • 2 лажици соја сос

Начин на подготовка:

  1. Ставете го оризот да се зготви. За тоа време исчистете ги пиперчињата и исечете ги на тенки ленти. Месото исечете го на коцки, посолете го и зачинете го со цимет. Бокулите искинете ги на цветови.
  2. Загрејте масло во големо тенџере (не тефлонско), додајте пиперчиња и сусам. Ставете ги коцките месо и пржете мешајќи.
  3. Додајте исчистени и исечкани шампињони. Додајте брокули, малку вода и соја сос. Крчкајте околу 8 минути. Зачинете по желба со уште соја сос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text