Чили супа

Чили супа

Оваа лута супа позитивно ќе влијае на вашето расположение, бидејќи докажано е дека материи од лутите пиперчиња поттикнуваат лачење на хормонот на среќа.

Состојки:

  • 4 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажички шеќер во прав
  • 1 лажичка чили во прав
  • 4 лажици доматно пире
  • 1 л домашни домати
  • 2 л супа (коцка)
  • 2 лажици босилек или оригано
  • 300 гр кисела павлака
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид и лук, па продинстајте на масло. Додајте шеќер, чили и доматно пире. Додајте домати и супа. Крчкајте 20 минути на тивок оган.
  2. Додајте босилек. Побиберете и посолете, ако е потребно.
  3. Сервирајте ја супата украсена со  кисела павлака.
  4. Совет: Наместо супа од коцка, можете да додадете вода и зачин од сув зеленчук.

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text