Кога ви е потребен брз десерт, направете ја оваа неодолива торта.
Состојки:
- 1,2 л млеко
- 250 гр шеќер
- 3 кесички желатин во гранули (30 гр)
- 700 мл слатка павлака
- 200 гр наполитанки од лешник
- 200 гр мелени лешници (или ореви)
- 100 мл вода
Начин на подготовка:
- Желатинот растворете го во вода и оставете го да набабри. Млекото измешајте го со шеќер и ставете го да зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган.
- Во желатинот додајте 5 лажици врело млеко и измешајте, а потоа масата со желатин ставете ја во останатото врело млеко. Мешајте додека желатинот не се растопи, па оставете да се излади до собна температура, а потоа ставете го еден час во фрижидер. Масата треба да биде нешто погуста од јогурт.
- Посебно разматете слатка павлака, па соединете со смесата од желатин и издробени наполитанки.
- Во поголемо тенџере или калап ставете фолија и посипете четвртина мелени состојки, преку ставете третина од филот и така завршете до крај. Ставете во фрижидер преку ноќ или во замрзнувач на 3 часа. Изладената торта свртете ја на тацна и отстранете ја фолијата, а потоа декорирајте по желба ако сакате – поради мелените лешници убаво изгледа и без дополнителни украси.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот