Нов влажен бран во Македонија

Нов влажен бран во Македонија

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне по котлините и речните долини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места особено во северозападниот дел во вечерните и ноќните часови врнежите ќе поминуваат во снег.Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од девет до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег. Интензитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално ќе наврнат околу 10 л/м2, а во понеделник претпладне ќе престануваат.

Во недела и во понеделник ќе има благо опаѓање на дневната температура која ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Повеќе на Готви.мк:

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

singlepost_text