Пита со брокули и сирење

Пита со брокули и сирење

Оваа вкусна пита може да понесе улога и како целосен оброк.

Состојки:

  • 3 лажици презла
  • 4 јајца
  • 1 1/4 шолја млеко
  • 1/2 лажичка лут сос
  • 1/4 лажичка сол
  • свеж бибер во зрно
  • 2 шолји исечкан тост леб (околу 2 парчиња, без кора)
  • 250 гр брокули
  • 2 лажички маслиново масло
  • 4 парчиња Пекабеско сланина
  • 1 главица сечкан кромид
  • 150 гр моцарела

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 170 степени. Во тава ставете презла и пропржете.
  2. Во чинија со средна големина ставете јајца, млеко, сос, сол и бибер. Додајте леб и измешајте, а потоа ставете ја во фрижидер.
  3. Гответе ги брокулите на пареа неколку минути, а потоа измијте ги со студена вода и добро исушете ги. Потоа грубо исечкајте ги.
  4. Загрејте масло на умерена температура, па додајте сечкана сланина и кромид. Мешајте додека не омекне.
  5. Додајте ја оваа мешавина со кромид и брокули во мешавината со јајца, а потоа додајте и сирење.
  6. Целокупната смеса ставете ја во подготвен плех.
  7. Печете ја питата од прилика 45-50 минути, додека не порумени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*