Експрес брз пилешки гулаш со печурки

Експрес брз пилешки гулаш со печурки

Одличен ручек кој брзо и лесно се подготвува.

Состојки:

  • 1/2 кг пилешко бело месо
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 300 гр печурки
  • 1 чаша доматен сок
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот и морковите. Пропржете ги на масло.
  2. Додајте месо исечкано на коцки и сечкани печурки.
  3. Оставете да крчка на умерен оган 30 минути и по потреба додајте малку вода.
  4. Налијте со сок од домати, посолете и побиберете и оставете да се готви уште десетина минути.
  5. Послужете со компир пире или тестенини.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани