Пица каква што не сте пробале досега: Лесно се прави, а вкусот е фантастичен!

Пица каква што не сте пробале досега: Лесно се прави, а вкусот е фантастичен!

Феноменален вкус, прсти да излижеш!

Состојки:

  • 300-400 гр брашно
  • 10 гр свеж квасец (1 кесичка сув)
  • 200 мл млако млеко
  • 200 гр паризер
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр тврдо кравјо сирење
  • кечап
  • оригано
  • сусам по желба

Начин на подготовка:

  1. Во вангла потопете квасец и додајте една лажичка шеќер и малку млеко. Тоа разматете го, па додајте го останатото млеко, брашно и сол. Замесете средно тврдо тесто. Оставете го 15 минути малку да нарасне. Размесете и развлечете го тестото.
  2. Тестото пресечете го на 6 агли по средината.
  3. Тестото прво премачкајте го со кечап, а потоа распоредете паризер, рендано сирење, како и рендан кашкавал. Посипете со оригано.
  4. Аглите префрлете ги преку тестото (како на видеото).
  5. Пицата премачкајте ја со масло и посипете ја со сусам. Печете на 200 степени околу 15-20 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки