УХМР информира што не чека до крајот на неделата

УХМР информира што не чека до крајот на неделата

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен, на места повремено и засилен ветер од северозападен правец.Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до 10 степени.

До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Во петок и за време на викендот по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Од сабота ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во недела.

Повеќе на Готви.мк:

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса