Гадо гадо

Гадо гадо

Во ова пикантно јадење од централна Јава се наоѓа врвна комбинација од вкусови – соја, спанаќ, јајца, компири, тофу со украсен прелив од кикирики.

Состојки:

  • 50 гр соини никулци
  • 150 гр спанаќ
  • 100 гр зелка
  • соино сирење (тофу)
  • 2 варени јајца
  • 1 варен компир

Состојки за сос од кикирики:

  • 200 гр излупени и пржени кикирики
  • 2 црвени лути пиперчиња
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица палмин шеќер
  • 1 лажица тамаринд

Начин на подготовка:

  1. Зготвениот зеленчук измешајте го со пржено соино сирење и варени јајца.
  2. Сите состојки за сос од кикирики изблендирајте ги додека не добиете густа маса. Масата од кикирики пржете ја на малку масло и додајте 200 мл вода. Гответе додека не стане густа. Прелијте преку зеленчукот, јајцата и сирењето.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка