Лесни бадем коцки со овошје

Лесни бадем коцки со овошје

Многу едноставни и брзи за подготовка, а многу вкусни и освежувачки!

Состојки:

  • бисквити
  • 1 л млеко
  • шеќер
  • 1 шолја печени мелени бадеми
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 1 кесичка шлаг
  • 1-2 лажички какао
  • овошје по избор за украсување

Начин на подготовка:

  1. Бисквитите наредете ги во тепсија со димензии 20х30 см. Згответе го пудингот по упатството на кесичката, засладете со шеќер и измешајте 2/3 шолја бадеми.
  2. Смесата со пудинг прелијте ја преку бисквитите. Оставете да се излади десетина минути.
  3. Разматете шлаг и додајте малку шеќер и како прав и матете уште 2 минути.
  4. Добиената смеса прелијте ја преку пудингот и посипете со 1/3 шолја мелени бадеми. Украсете со овошје и ставете во фрижидер да отстои 2 часа.
  5. Колачот исечете го на коцки и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци