Грашок со јунешко

Грашок со јунешко

Доколку не знаете што да подготвите за ручек, ви предлагаме вкусен и едноставен рецепт.

Состојки:

  • 500 гр јунешко месо
  • 300 гр замрзнат грашок Пекабеско
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 чаша вода
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере загрејте масло, па на него пропржете го кромидот и морковот.
  2. Додајте месо и динстајте додека не омекне.
  3. Во одвоен сад бланширајте го грашакот па додајте го во месото.
  4. Ситно исечкајте лук, додајте го во грашокот и месото и динстајте додека не биде готово.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула