Мусака на малку поинаков начин: Мелено месо со јогурт

Мусака на малку поинаков начин: Мелено месо со јогурт

Ова е малку поинаква верзија на мусака, но исто така многу вкусно и сочно јадење.

Состојки:

  • 1 главица сечкан кромид
  • 1 лажица маст
  • 1 кг мелено говедско месо
  • сол
  • бибер
  • 3 јајца
  • малку лут пипер
  • 1 лажичка сечкан магдонос
  • 170 гр доматен сок
  • 1 кг компири исечени на коцки
  • 1 шолја врела вода
  • 1,5 шолја јогурт
  • 2 шолји брашно

Начин на подготовка:

  1. Кромидот испржете го на маст, додајте месо, зачини, магдонос и доматен сок, па се заедно згответе.
  2. Потоа додајте компири и врела вода, па гответе наредните 10 минути.
  3. Префрлете ги состојките во земјен или огноотпорен сад и печете половина час на 190 степени.
  4. Јогуртот, јајцата, брашното и солта добро измешајте ги и прелијте преку печеното месо. Вратете во рерна на уште десетина минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти прочитајте на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки