Домашна пилешка бела чорба за студените денови

Домашна пилешка бела чорба за студените денови

Го грее телото, но и срцето!

Состојки:

  • 2 батаци со карабатаци
  • 2 моркови
  • 2-3 компири
  • 1 лажица сув магдонос
  • 1 лажичка кари
  • 1/2 лажичка куркума
  • сув зачин
  • 100 мл масло
  • 2-3 лажици брашно
  • вода по потреба

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги батаците во тенџере, па по пет минути вриење, заменете ја водата и сварете ги батаците.
  2. Компирите и морковите излупете ги и измијте ги.
  3. Морковите исечете ги на кругови и заедно со компирите и батаците ставете ги да се варат.
  4. Додајте сув зачин по вкус, кари, куркума, магдонос.
  5. Кога батаците ќе се сварат, извадете ги, почекајте да се изладат, па одвојте го месото од коските и иситнете го на парчиња.
  6. Варените компири изгмечете ги со вилушка во чинија, така што ќе остане и по некое парче, па вратете ги компирите и месото во тенџере.
  7. Загрејте масло на тава, па додајте брашно и мешајте да нема грутки. Така врело ставете го во тенџерето со чорба со постојано мешање. Крчкајте уште 10 минути па послужете топла.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула