Печени банани кои го освоија светот – идеални за доручек!

Печени банани кои го освоија светот – идеални за доручек!

Рецептот не само што делува примамливо и сочно – туку буквално е готов за неколку минути.

Состојки:

  • 2 зрели банани
  • 2 големи лажици стевија во прав
  • 1 мала лажица цимет во прав
  • 1/4 лажичка мускатно оревче
  • малку маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Бананите исечете ги на еднакви парчиња, не претенки. Во сад измешајте ги сите останати состојки.
    На поголема тава ставете неколку капки масло, на среден оган.
  2. Наредете ги круговите банана на добро загреаната тава и оставете ги да се печат од прилика 2-3 минути. Потоа со лажица по бананите посипете со половина од мешавината состојки, и дури потоа свртете ги да се печат од другата страна.
  3. Откако ќе ги свртите, причекајте минута и потоа таа друга половина од состојките посипете ја по остатокот од мешавината, па печете уште минута и половина.
  4. Вадете ги парчињата на салфета и уживајте во сочните и вкусни банани. За доручек, за меѓуоброк, за десерт или кога ќе ве фати глад за здрав залак…

 

Повеќе на Готви.мк:

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

singlepost_text