Брз колач со јаболка и шлаг (ВИДЕО)

Брз колач со јаболка и шлаг (ВИДЕО)

Изненадете ги домашните со вкусен десерт.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 5 јаболка
  • 10 лажици шеќер
  • 5 лажици мелени ореви
  • 50 гр сечкани ореви
  • малку суво грозје
  • цимет
  • 3 лажици брашно
  • 250 гр шлаг

Начин на подготовка:

  1. Јаболката исчистете ги, па издлабете ги.
  2. Во оревите додајте шеќер по желба, цимет, сечкани ореви, суво грозје па измешајте.
  3. Во калап за куглоф распоредете јаболка.
  4. Полнете ги со мешавина од ореви, па ставете ги во рерна на 200 степени околу 20 минути.
  5. Разматете јајца со остатокот од шеќерот, додајте брашно па ставете на оменатите јаболка и вратете ги во рерна уште 20 минути.
  6. Печениот колач ставете го на тацна и оставете го да се излади. Украсете со шлаг.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

Неговото височество: Топло – ладен колач

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Брз колач со јаболка

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

Чоко кокос коцки