Коцки од кисела зелка со лук

Коцки од кисела зелка со лук

Подгответе вкусна салата од кисела зелка…

Состојки:

  • 1 помала кисела зелка
  • 1 главица лук
  • магдонос
  • 1 лажица сув зачин
  • 2 дл масло
  • 1 лажица пипер

Начин на подготовка:

  1. Од зелката внимателно со нож отсечете ги листовите и исчистете го коренестиот дел од листот како за сарма.
  2. Загрејте масло и ставете исечкан лук, исечкан магодонос, сув зачин и многу малку сол.
  3. Распоредете еден лист, па прелијте го со преливот.
  4. Така редете листови, а меѓу нив прелив додека не го потрошите подготвениот материјал. Последниот лист премачкајте го и посипете го со пипер.
  5. Пред служење исечете на коцки и послужете како салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко