Сјајни се, посебно затоа што се печат во рерна…
Состојки:
- 800 гр шеќер
- 900 мл вода
- 100 гр масло
- 300 гр брашно
- 1 прашок за пециво
- 5 јајца
Начин на подготовка:
- Шеќерот и 1/2 л вода ставете ги на оган да зоврие и добро изладете.
- 400 мл вода и маслото ставете го тенџере на оган да зоврие, а откако ќе зоврие тргнете го од шпорет и додајте брашно измешано со прашок за пециво. Соединете ја масата и добро изладете.
- Во масата додавајте едно по едно јајце и матете со миксер. Добиената смеса ставете ја во шприц, па истиснувајте по 7 см на ненамастен плех.
- Печете ги тулумбите на 180 степени, 25 минути. Врелите тулумби прелијте ги со изладен сируп.
Уживајте!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Слатка ужинка: Тост со блок чоколадо
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома