Сочна баклава со јаболка и ореви

Сочна баклава со јаболка и ореви

Сочна баклава со јаболка и ореви…

Состојки:

  • 500 гр готови тенки кори за баклава
  • 150 гр сечкани ореви
  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици гриз
  • 3 лажици брашно
  • 2 поголеми јаболки
  • 100 мл масло
  • 1 прашок за пециво

Состојки за сируп:

  • 600 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лимон
  • 500 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Разматете 4 јајца со 4 лажици шеќер, додајте сечкани ореви, гриз, брашно, јаболка (крупно рендани) и прашок за пециво. Сè полека и добро измешајте.
  2. Подгответе тепсија 37х25 см и намастете ја со масло. На работна маса раширете го првиот лист кора, намастете го па ставете друг од горе, а потоа и трет на кој по ширината на дното ќе го ставате подготвениот фил. Свиткајте ја баклавата така до крај додека не го потрошите целиот фил. Кога ќе завршите, исечете ги ролните на крупни парчиња, па залијте со малку врело масло.
  3. Печете ја баклавата на 180 степени околу половина час. Готовата печена баклава малку исечете ја со нож.
  4. Прелијте ја со изладен сируп кој претходно сте го направиле од шеќер и вода, лимон и ванилин шеќер.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Чоколадна баклава

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта