Рецепт за совршени домашни њоки

Рецепт за совршени домашни њоки

Њоките се прават различно во секој регион. Ние ви пренесуваме еден рецепт кој доаѓа од Бабина кујна.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 2 компири
  • 100 гр сирење
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици путер

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги во лушпа, па излупете ги и добро изгмечете ги да нема грутки. Додајте сирење, јајце, сол, бибер и брашно
  2. Сè добро измешајте и развлечете тенко тесто и сечете њоки со нож за пица.
  3. Во тенџере ставете вода, додајте сол, па кога ќе зоврие полека спуштајте го тестото да се готви.
  4. Кога њоките ќе испливаат на површина (после 5-6 минути) извадете ги со решеткаста лажица.
    Во тенџере ставете путер, па кога ќе се загрее спуштајте ги њоките убаво да се запечат од двете страни.
  5. Послужете како прилог со месо.

singlepost_text