Кремпита торта

Кремпита торта

Стар рецепт на нов начин – стар вкус во нов облик!

Состојки за кора:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 4 лажички прашок за пециво
  • 2 лажици сок од портокал или лимон

Состојки за фил:

  • 3 пудинзи од ванила
  • 2 жолчки
  • 200 гр путер
  • 200 гр маргарин
  • 200 гр шеќер
  • 1 шлаг
  • 1 л млеко

Начин на подготовка:

  1. Разматете ги состојките за кора. Половина од масата ставете во кружен плех и испечете ја кората на 180 степени (околу 15 минуту). Испечете ја и другата кора.
  2. Во млеко згответе разматени жолчки и пудинг. Оставете ја смесата да се излади. Путерот и маргаринот пенасто разматете ги со шеќер. Измешајте ги овие две смеси.
  3. Вратете ги двете кори во изладениот плех. Полека со остар нож сечете триаголници (кругот прво пресечете го на половина, па на четвртини, па секоја чевртина на уште три дела). Вкупно треба да има 12 парчиња.
  4. Тргнете ја горната исечена кора, ставете фил, па вратете ја горната кора (парче по парче). Внимавајте парчињата на горната и долната кора да се поклопуваат, за да се вадат полесно.
  5. Посипете со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта