Кентаки пилешко

Кентаки пилешко

Неодоливо крцкаво, но и сочно пилешко месо.

Состојки:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр презла
  • сусам
  • 250 гр рендан кашкавал
  • 500 гр компири
  • мешавина од зачини

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги компирите, исечете ги на коцки и оставете ги додека не го подготвите месото.
  2. Во сад измешајте презла, кашкавал, сусам и лажица мешавина од зачини.
  3. Маргаринот растопете го. Месото исечете го на шницли или крупни коцки. Парчињата месо потопете ги во растопен маргарин, а потоа извалкајте ги во смесата со презла.
  4. Месото наредете го во средина во плех за печење, а околу месото ставете ги коцките компири. Останатата смеса со презла рамномерно посипете ја по компирите и прелијте ги со останатиот маргарин.
  5. Печете на 200 степени околу 40-45 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани