Брускети капрезе

Брускети капрезе

Салата капрезе на леб, ништо поедноставно и ништо повкусно.

Состојки:

  • 8 парчиња црн леб
  • 4 помали домати
  • моцарела
  • 50 гр путер
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • оригано
  • свеж босилек

Начин на подготовка:

  1. Оставете го путерот 15 минути на собна температура. Во чинија со вилушка измешајте путер, малку сол и испасиран лук. Доматите и моцарелата сечете ги на кругови. Испечете го лебот на тостер.
  2. Печениот леб додека се уште е топол премачкајте го со путер со лук. На лебот наредете парче домат, па парче моцарела, па повторно домат, па моцарела. Посипете со оригано и свеж босилек.

Уживајте!

 

Поврзани Gotvi.mk рецепти:

Рецепт за сирење во фурна тука

Рецепт за топено сирење со сланина тука

Повеќе рецепти кои содржат сирење тука

Похован кашкавал

Шарска плескавица