Подготвте вкусни романтични колачиња

Подготвте вкусни романтични колачиња

Во толку мали колачиња, толку магични вкусови…

Состојки:

  • 3 лажици кисела вода
  • 280 гр маргарин
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици масло
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 350-400 гр брашно
  • 10 гр квасец
  • 100 гр соино млеко во прав
  • 200 гр шеќер во прав
  • 30 гр кокос
  • 100 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Разматете 100 гр маргарин со шеќер, кисела вода, масло, прашок за пециво и квасец, па додајте брашно.
  2. Се замесете и развлечете на дебелина од околу 5 мм. Со чаша за ракија вадете кругови и печете ги на 250 степени околу 10 минути.
  3. За филот разматете го останатиот маргарин со шеќер во прав и додајте соино млеко во прав. Добро соединете и ставете преку печеното изладено тесто.
  4. Ставете ги колачињата во фрижидер да се изладат, а потоа прелијте ги со чоколадо и малку кокос.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Видео: Како да излупиме лук, јајце и банана

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција