Научете како да направите фантастични лепињи! (ВИДЕО)

Научете како да направите фантастични лепињи! (ВИДЕО)

Овој рецепт е брз, но и вкусен. Исклучително ќе го цените во моменти кога ве мрзи да одите во продавница по леб или за време на празниците кога продавниците не работат.

Состојки:

  • 400 мл вода
  • 600-700 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 коцка квасец
  • ким
  • сусам
  • малку крупна морска сол

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растопете го во млака вода, додајте шеќер и брашно и на крај сол. Замесете средно тврдо тесто и добро изработете го во глатко тесто.
  2. Прекријте малку да нарасне, па преработете го тестото и поделете го на 4 дела во топчиња (како на видеото).
  3. Посипете тепсија со брашно, па распоредете ги лепињите. Покријте ги малку да нараснат па притиснете ги ивиците и на секоја лепиња направете мрежи со тапата страна на ножот, како во видеото.
  4. Премачкајте ги со белка, посипете со ким и сусам и малку крупна сол. Печете на 200 степени околу 15 минути.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта