СОЛЕНА ТОРТА СО АЈВАР: Традиционално предјадење кое морате да го пробате!

СОЛЕНА ТОРТА СО АЈВАР: Традиционално предјадење кое морате да го пробате!

Одлична увертира пред главното јадење или солен прилог. Традиционалниот специјалитет од пиперки, ајварот, може да биде уште повкусен кога ќе се подготви совршено ладно предјадење од него.

Состојки:

  • 200 гр ајвар
  • 150 гр кашкавал
  • 5 јајца
  • 9 лажици брашно
  • 400 мл павлака
  • 1/2 главица кромид
  • 1 прашок за пециво
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките разматете ги, па додајте половина од павлаката и половина од количината ајвар. Посолете по вкус и повторно разматете со миксер, додека не добиете хомогена смеса.
  2. Посебно измешајте го прашокот за пециво и брашно, па додајте го во смесата од жолчки.
  3. Посебно разматете белки, малку посолете, па полека измешајте ги во смесата со жолчки. Во намастен плех обложен со хартија за печење ставете ја смесата и печете 30 минути на 220 степени.
  4. Во меѓувреме, подгответе го филот – во длабок сад ситно исечкајте кромид и изрендајте кашкавал. Додајте ја останатата павлака и останатиот ајвар и измешајте да се соедини.
  5. Печената кора исечете ја на три еднакви делови. Првиот дел од кората превртете го на лице и на него ставете половина од филот.
  6. Од горе поклопете со друга кора, ставете го остатокот од филот и поклопете со трета кора.
  7. Целата торта премачкајте ја со смеса од павлака. Од горе изрендајте кашкавал и украсете со ајвар.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо