БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Брза и здрава торта од моркови!

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Брза и здрава торта од моркови!

Подгответе здрава и вкусна торта од моркови!

Состојки:

  • 7 моркови
  • 2,5 мали шолји бразилски ореви
  • 1/2 мала шолја ленено семе
  • 1 мала шолја мед
  • 1 мала шолја рендан сув кокос
  • 1 мала шолја суво грозје
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка цимет

Состојки за прелив:

  • 1 мала шолја мед
  • 1 мала шолја бразилски ореви
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте ги морковите. Бразилските ореви и лененото семе сомелете ги во блендер. Грозјето, екстрактот од ванила, ренданиот кокос, циметот и медот измешајте ги во блендер. Кога ќе добиете еднолична смеса, измешајте ги мелените ореви и ленено семе. Смесата ставете ја во калап за торта, израмнете и ставете ја еден час во фрижидер.
  2. Преливот направете го така што сите состојки ќе ги ставите во блендер и ќе направите кремаста хомогена маса. Премачкајте ја тортата со преливот и послужете.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед