СОЧНИ ПРЖЕНИЦИ ОД РЕРНА: Највкусниот оброк од бајат леб!

СОЧНИ ПРЖЕНИЦИ ОД РЕРНА: Највкусниот оброк од бајат леб!

Ако ви здосадија класичните прженици, со вкус на препржено масло, јајца и млеко, време е да го испробате овој фантастичен рецепт од бајат леб – прженици од рерна!

Состојки:

  • стар леб исечен на парчиња
  • 100 гр сирење
  • 50 гр кајмак
  • 50 гр павлака
  • неколку парчиња кашкавал
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  1. Разматете ги јајцата со грубо издробено сирење, додајте кајмак и павлака и посолете по вкус.
  2. Секое парче леб извалкајте го во смесата, па наредете ги во плиток, широк плех. На секое парче леб ставете по едно парче кашкавал и поклопете со уште едно парче леб извалкано во смесата со јајца.
  3. Остатокот од смесата прелијте го преку наредениот леб и печете во рерна додека не добие златно-жолта боја.
  4. По желба, пржениците посипете ги со сусам, ким или магдонос.

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки