РЕШЕТЕ СЕ ОД ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ! Овие намирници ќе ве одржат витки

РЕШЕТЕ СЕ ОД ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ! Овие намирници ќе ве одржат витки

Како би живееле здраво и би изгубиле килограми, важно е да ја наполните кујната со нутритивно богати намирници кои не се обработени и кои ќе го одржат вашето тело витално во текот на денот.

Ленено семе

Лененото семе помага при слабеење бидејќи се врзува со вишокот хормони. Исто така ја намалува желбата за храна и го зголемува чувството на ситост со помош на големата количина влакна. Овие семиња ги оптимизираат здравите цревни бактерии, ја подобруваат работата на самите црева и се богат извор на повеќе од 20 масни киселини и добар извор алфа-липоични киселини кои помагаат во намалување на воспаленијата.

Јаболков оцет

Јаболковата киселина е одлично средство за губење на тежина и контрола на апетитот, а доказите покажуваат дека е одлична поради гликемиските ефекти како што се намалување на нивото на шеќер во крвта по оброкот. Помага и при воспоставување рамнотежа во цревната микрофлора.

Јајца

Омлетот е совршено јадење за слабеење. Секое јајце содржи повеќе од 7 гр протеин, па омлетот е совршено јадење кое содржи од 14 до 21 гр протеини, зависно од тоа колку јајца користите. Покрај тоа јајцата имаат значителни количини витамин Б12, биотин и колин и до 400 мг здрави омега-3 масти.

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?