Едноставно и брзо – направете погачици од компири…
Состојки:
- 225 гр меко брашно
- 3 лажички прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка бибер
- 85 гр путер
- 225 изладено компир пире
- 2 јајца
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 200 степени. Во голем сад измешајте брашно, сол, бибер и прашок за пециво. Во истиот сад ситно изрендајте путер и додајте изладено компир пире. Изматете едно цело јајце и додајте го во садот.
- Замесете тесто со раце (без додавање вода, млеко…). Ќе ви требаат околу 2-3 минути додека сè убаво не се поврзе.
- Тестото растегнете го на побрашнета подлога на дебелина од 1 см и со чаша или калап по желба вадете тесто.
- Обложете тепсија со хартија за печење и наредете ги погачиците. Останатото јајце разматете го со малку сол и премачкајте ги погачиците.
- Ставете ги во загреана рерна и печете 20 минути или додека не добијат златна боја.
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес