Зеленчук и сланина – оваа мусака ќе ја обожавате!

Зеленчук и сланина – оваа мусака ќе ја обожавате!

Збогатете ја трпезата со уште едно вкусно гурманско јадење!

Состојки:

  • 1/2 кг компири
  • 4 моркови
  • 1/2 коцка за супа
  • 3 јајца
  • 2 дл павлака за готвење
  • 100 гр рендано трапист сирење
  • 100 гр Пекабеско сланина
  • сол
  • бибер
  • малку путер или масло

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги компирите и морковите на кругови. Гответе ги 15 минути во вода во која сте ставиле половина коцка супа.
  2. Загрејте ја рерната на 200 степени. Разматете јајца, павлака, трапист, малку сол и бибер.
  3. Во плех наредете половина од зеленчукот, малку посолете, па прелијте со половина од разматениот сос од јајца, павлака и сирење.
  4. Повторете ја постапката и прелијте со сос и од горе ставете парчиња сланина.
  5. Печете околу 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти прочитајте на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки