Италијански затворени пици какви што досега не сте пробале! (ВИДЕО)

Италијански затворени пици какви што досега не сте пробале! (ВИДЕО)

Вистинскиот вкус на италијанско калцоне!

Состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 1 праз
  • масло
  • сол
  • бибер
  • 100 гр тврдо сирење
  • 100 гр кашкавал
  • паризер или мелено месо
  • кечап
  • оригано
  • 1 лажица павлака

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете праз сечкан на кругови, па додајте сечкан паризер или мелено месо и испрежете. Додајте сол и бибер.
  2. Тестото развлечете го со големина на округла тепсија, премачкајте го со павлака, но не до краевите, па додајте пропржен праз со месо, изрендајте сирење и кашкавал, потоа кечап и оригано, па префрлете една половина преку друга и малку свиткајте ги рабовите.
  3. Затворената пица можете да ја премачкате со жолчка. Печете на 200 степени околу 30 минути убаво да порумени. Послужете топло.


На здравје!

Повеќе на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки