Еве предлог за совршената вечера! (ВИДЕО)

Еве предлог за совршената вечера! (ВИДЕО)

Што има повкусно од комбинација компир-кашкавал-пршута? Ако не знаете што да подготвите за вечера, задолжително пробајте го овој рецепт!

Состојки:

  • 4 компири
  • 1 главица кромид
  • пршута
  • 150 гр кашкавал
  • зачини по вкус
  • 2 јајца
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги и излупете ги компирите. Потоа исечете ги на кругови. Намастете плех за мафини, а потоа наредете компири, така што ќе ја обложите внатрешноста на калапите.
  2. Во неколку разматени жолчки додајте исечкана пршута, ситно сечкан кромид и зачини и измешајте. Потоа наполнете ги калапите со филот и од горе ставете парче кашкавал. Поклопете со компир.
  3. Ставете ги компирите да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени. Печете додека не поруменат.

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство