Неодолива векна од чоколадо

Неодолива векна од чоколадо

Богатиот вкус на чоколадо во меко тесто ќе ве освои…

Состојки:

  • 175 гр путер + малку за подмачкување и глазура
  • 175 гр кафеав шеќер
  • 3 јајца
  • 140 гр брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 85 гр мелени бадеми
  • 100 мл млеко
  • 4 лажици какао
  • 50 гр рендано млечно чоколадо
  • 50 гр бело чоколадо за глазура

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 160 степени и намастете калап за печење. Разматете путер со шеќер, па додајте јајца, брашно, прашок за пециво, бадеми, млеко и какао.
  2. Добро разматете, па додајте рендано чоколадо, измешајте и ставете ја смесата во плех. Печете 45-50 минути.
  3. Растопете бело чоколадо на пареа со малку путер, па прошарајте преку изладената векна.

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text