Овој кремаст десерт можете да го украсите со овошен или чоколаден сируп.
Состојки:
- 7 јајца
- 125 гр шеќер
- 250 гр лешници, ореви или бадеми
- 1/2 л млеко
- 4 кесички шлаг
- 2 кесички ванилин шеќер
- 200 гр шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Во длабок сад разматете 6 жолчки и едно цело јајце со шеќер.
- Оваа смеса матете ја на пареа (тенџерето ставете го над тенџере со врела вода) се додека не добиете пенаста смеса. Матете со миксер.
- Во добиената пенаста смеса додајте мелени лешници (може и ореви или бадеми).
- Во друг сад разматете шлаг и млеко во крем. Спојте ја со првата смеса која малку сте ја изладиле. Сè убаво измешајте.
- Смесата распоредете ја во подлабок сад и ставете ја во фрижидер да стегне.
- Кога парфето ќе стегне, превртете го и украсете го по желба.
Уживајте!
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ
ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)