Домашна пита со развлечени кори (ВИДЕО)

Домашна пита со развлечени кори (ВИДЕО)

Со јогурт или кисело млеко ќе стане ваш омилен оброк. За доручек, за ужина, за вечера… Згодна за секоја прилика!

Состојки:

  • 300-400 гр брашно
  • 200-300 мл вода
  • сол
  • фил по желба (слатко или солено)

Начин на подготовка:

  1. Во чинија ставете брашно, сол и замесете со млака вода средно тврдо тесто да биде глатко. Ставете го во кеса или фолија и оставете го 20-30 минути на собна температура да одмара. Потоа со сукало развлечете го во големина на поголема чинија, премачкајте со масло и повторно оставете го 30 минути да мирува.
  2. Работната површина посипете ја со малку брашно, ставете го тестото и почнете да го развлекувате, прво од средината кон краевите, колку што можете потенко. Краевите од тестото исечете, а развлечената кора малку намастете ја.
  3. Потоа ставете фил, по желба (слатко или солено). Во видео рецептот е солено: добро измешајте 200 гр сирење, 2 јајца и 200 мл млеко. Распоредете го филот и свиткајте ја кората (како на видеото).
  4. Намастете плех, а ролните ставете ги во тепсија, малку од горе премачкајте со малсо и печете на 200 степени околу 30 минути.

Погледнете го ВИДЕОТО!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо